понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 22
home Вести

Две жени загинаа во невреме во Швајцарија и Франција

Две жени загинаа во невреме во Швајцарија и Франција

Најмалку две жени загинаа во невремето што денеска зафати делови на Швајцарија и Франција.

Како што соопштија швајцарските власти, една туристка се удавила во водите на Женевското Езеро, кога поради силните бранови се превртел чамецот во кој таа се наоѓала.

Во Франција, пак, туристка загина кога дрво откорнато од силниот ветер, паднало врз камп приколка во која таа престојувала.

Невремето било проследено со пороен дожд и град и удари на ветер што на места достигнувале и до 122 километри на час.