недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Две жени убиени и неколку повредени во напад со нож во ресторан

Две жени убиени и неколку повредени во напад со нож во ресторан

Две жени се убиени, а неколку лица се повредени во напад со нож во Белгија.

Непознато лице со нож ги нападнало гостите во ресторанот „Ле Рамиер“ во белгискиот град Мореснет. Британски „Мирор“ пренесува дека починале две жени, како и дека во квартот во кој се случил нападот околу 17 часот, се распоредени специјални полициски сили, а местото го надлетува и хеликоптер.

Градоначалникот на округот, Тјери Вимер, изјавил дека дошло до трагедија, но дека не станува збор за терористички чин. Тој рекол дека нападот бил предизвикан од приватни причини и дека нема опаснoст за нацијата.

Коронавирус