петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Две ракети го погодиле аеродромот во Багдад

Две ракети го погодиле аеродромот во Багдад

Две ракети го погодиле меѓународниот аеродром во Багдад, соопшти ирачката армија.

Според новинската агенција Ксинхуа, немало жртви во нападот што се случил доцна синоќа, ниту е причинета голема материјална штета.

Досега никој не ја презеде одговорноста за гранатирањето на аеродромот каде се сместени американските трупи.

Вашингтон овие напади им ги припишува на проиранските борци.

Во Ирак, САД и Иран се борат за превласт.

Коронавирус