сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Две лица повредени во уривање на две згради во Марсеј

Две лица повредени во уривање на две згради во Марсеј

Две лица се полесно повредени при уривање на две згради во Марсеј, соопштија локалните власти.

Уривањето на зградите предизвикало создавање голем облак прашина, а на лице место забележани се голем број пожарникари и полицајци со кучиња трагачи.

Спасувачите ги пребаруваат урнатините поради евентуални жртви.

На видео снимките направени пред уривањето на зградите се гледа дека една била со шест, а другата со пет катови. Едната од нив била во многу лоша состојба.

Властите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа.

Сабине Бернаскони, локална градоначалничка за тој дел од Марсеј, рече дека за една од зградите била наредена евакуација, но не можеше да ја отфрли можноста во објектот да имало бездомници.

Коронавирус