петок, 24. март 2023. Вести денес: 3
home Вести

Две илјади полицајци ќе обезбедуваат партиска конвенција во Аугсбург

Две илјади полицајци ќе обезбедуваат партиска конвенција во Аугсбург

Полицијата во Аугсбург се подготвува за она што тие го нарекуваат најголема операција во историјата на тој баварски град, кога во градот ќе се одржи партиска конвенција на десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Пријавени се неколку демонстрации против АфД, а во нив се очекува да учествуваат илјадници лица.

Претходните конвенции на АфД беа одржани во Келн и Хановер, каде и покрај силното полициско обвезбедување, во судирите беа повредени неколкумина полицајци и демонстранти. ссм/08:46

loading...