петок, 4. декември 2020. Вести денес: 93
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Дванаесетгодишно девојче почина од Ковид-19 во Белгија, повеќе од 700 починати во земјата

Дванаесетгодишно девојче почина од Ковид-19 во Белгија, повеќе од 700 починати во земјата

Едно 12-годишно девојче почина од коронавирусот во Белгија, со што стана најмладата личност што ѝ подлегна на болеста во земјата во која бројот на смртни случаи од новиот коронавирус надмина 700, пренесува Асошиетед прес.

„Да се ​​изгуби детето од болест е емоционално тежок момент не само за семејството, туку и за лекарите и истражувачите “, рече портпаролот на белгискиот Центар за кризи за коронавирус, Емануел Андре.

Белгија идентификуваше вкупно 12.705 случаи на Ковид-19. Од понеделникот, 98 луѓе ѝ подлегнаа на оваа болест, со што вкупната бројка достигна 705.

Земјата очекува да го достигне врвот на епидемијата во наредните денови, рече Андре, за што се надеваат дека ќе се случи пред болниците да достигнат до нивната точка на заситеност.

Ковид-19 најчесто има посериозен ефект врз постарите лица и врз пациентите со постоечки медицински состојби, но дури и новороденчињата можат да станат носители. Во САД, новороденче заразено со коронавирус почина минатата недела.

Коронавирус