четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 124
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Двајца починати, 82.000 бегаат од ерупцијата на филипинскиот вулкан Тал

Двајца починати, 82.000 бегаат од ерупцијата на филипинскиот вулкан Тал

Две лица починале од срцев удар додека бегале од ерупцијата на вулканот Тал, во непосредна близина на филипинската престолнина Манила, каде се дислоцирани речиси 82.000 лица, сооштија денеска локалните власти, јави ДПА.

Вулканот Тал во провинцијата Батангас, што се наоѓа на 66 километри јужно од Манила, и е на средина од езерото со исто име, во неделата почна повремено да исфрла пепел.

Жртви, според ДПА, се 65-годишна жена и 27-годишен маж од градовите Талисеј и Тал во Батангас, сооопшти регионалната канцеларија за намалување ризиците од природни катстрофи.

Жената во понеделникот доживала срцев удар, додека мажот починал вчера, додаде канцеларијата. Полицијата претходно соопшти дека возач на камион умрел во понеделникот во блиската провинција Лагуна откако ја загубил контролата врз возилото заради слабата видливост од пепелта на вулканот.

Жителите се евакуирани од градовите во Батангас и блиската провинција Кавита, но некои мажи останале да ги чуваат нивните имоти и добиток.

Тимови за итни случаи, вклучително и полиција и војници, денеска беа распоредени за да обезбедат сите да си заминат од подрачјата со висок ризик, токму поради извештаите дека некои лица ги избегнале официјалните совети и се вратиле дома откако престојувале во центрите за евакуација.

„Треба да ја спроведеме наредбата за евакуација и да ги обесхрабриме луѓето да се враќаат затоа што тоа е многу опасно“, изјави Марк Левисте, заменик-гувернер на провинциите Батангас, пренесе ДПА.

Коронавирус