среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Двајца отруени во близина на градот во кој беа отруени Скрипал и Јулија

Двајца отруени во близина на градот во кој беа отруени Скрипал и Јулија

Ова гратче се наоѓа на само 13 километри од Солзбери, каде со нервен гас беа затруени рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Полицијата во округот Витшир ова го прогласи за „голем инцидент“ поради труењето на мажот и жената, двајцата на возраст од околу 40-сетина години, пренесе агенцијата АП.

Британската полиција го затвори и обезбеди целата област која луѓето ја посетиле пред да бидат отруени, официјалните претставници на здравството истакнаа дека не веруваат дека има ризик од ширење на опасноста.

Двајцата отруени се згрижени во болница, под сомнение дека се предозирале од наркотици.

Инаку Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени во март со нервен гас, за што Британија ја обвини Русија која веднаш ги отфрли сите наводи за вмешаност во инцидентот.

Коронавирус