понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

Двајца астронаути на вселенска прошетка: Еве каква задача имаат да завршат за шест и пол часа

Двајца астронаути на вселенска прошетка: Еве каква задача имаат да завршат за шест и пол часа

Двајца американски астронаути денеска се во вселенска прошетка за да ја заменат неисправната антена на Меѓународната вселенска станица (МВС), соочени со „минимално зголемен ризик“ од вселенски отпад, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Астронаутите Томас Маршбурн и Кајла Барон треба да ја завршат својата работа во рок од шест и пол часа.

Почетокот на вселенската прошетка беше одложен за 48 часа поради орбитални остатоци, чие потекло не е јасно, иако портпаролот на НАСА рече дека има индиции дека тие се формирани поради руското тестирање на антисателитски ракети овој месец.

Ова е петта вселенска прошетка за Маршбурн (61), кој е доктор по медицина, и прва за Барон (34), офицер на подморница и нуклеарен инженер, која дебитираше на еден вселенски лет.

Целта на прошетката е да се отстрани неисправниот склоп на радиокомуникациската антена и да се замени со нов дел лоциран надвор од МВС, кој орбитира на 402 километри над Земјата.

Коронавирус