вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 84
home Вести

Дваесетина жртви, 900 повредени, срушени згради во разорниот земјотрес во Турција

Дваесетина жртви, 900 повредени, срушени згради во разорниот земјотрес во Турција

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920 повредени, соопштија официјалните лица.

Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени и бил почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

Според турската агенција за управување со вонредни состојби, 16 лица загинале во Елазиг, а уште четири во соседната провинција Малатија. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека спасувачите трагаат по 30 лица за кои се верува дека се под урнатините.

Епицентарот на земјотресот, кој исто така предизвика материјална штета, е регистриран на длабочина од 10 километри во провинцијата Елазиг, на околу 550 километри источно од главниот град Анкара, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).