недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 15
home Вести

Дваесет поранешни агенти на чилеанската тајна служби осудени на затвор за убиства за време на диктатурата на Пиноче

Дваесет поранешни агенти на чилеанската тајна служби осудени на затвор за убиства за време на диктатурата на Пиноче

Дваесет поранешни чилеански агенти на тајната служба се осудени на затвор за киднапирање и убиство на 12 лица за време на диктатурата на Пиноче помеѓу 1973 и 1990 година, јави ДПА. Тие добија казни во времетраење од 100 дена до 17 години.

Поголемиот дел од жртвите биле левичарски активисти. Повеќето од нив беа киднапирани во Аргентина, Парагвај и Боливија во 1970-тите, како дел од операцијата „Кондор”, заедничка кампања на десничарските диктатури во Јужна Америка. Се верува дека киднапираните луѓе потоа биле однесени во Чиле, каде што биле изложени на мачење и убиство. Некои од нив и понатаму официјално се сметаат за исчезнуваат.

Двајца поранешни агенти беа осудени на по 17 години затвор, а петмина на по 15 години. Останатите од нив добија казни од 10, седум и пет години, како и на 300 и 100 дена.

Повеќе од 3.000 луѓе беа убиени во Чиле за време на диктатурата на Пиноче. Десетици илјади беа затворени, мачени или киднапирани.

Десетици поранешни војници беа осудени за злосторства од тој период.

(Миа)

Коронавирус