понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Два земјотреси во Кина

Два земјотреси во Кина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени денеска го потресе североисточниот кинески град Тангшан, соопштија локалните власти.

Потоа е регистриран уште еден помал потрес со јачина од 2,2 степени.

Не е соопштено дали некој е повреден или е причинета материјална штета.

Железничкиот сообраќај во овој град, кој се наоѓа на 160 километри источно од Пекинг, е привремено запрен сè додека не се утврди дали има оштетување на шините, јави агенцијата Синхуа.

Во земјотрес во Тангшан во 1976 година загинаа најмалку 242.000 луѓе во една од најсмртоносните природни катастрофи во светот.

Коронавирус