вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 17
home Вести

Два земјотреси го стресоа Иран

Два земјотреси го стресоа Иран

Два последователни умерени земјотреси утрово се регистрирани во провинцијата Керманшах, западен Иран.

Иранската новинска агенција ИРНА јави дека првиот земјотрес бил со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри, а вториот од 4,9 степени бил на длабочина од 11 километри.

Според Американскиот геолошки институт земјотресите со интензитет од 4,7 и 4,5 степени регистрирани се на 23 километри југозападно од местото Сарпол-е-Захаб.

За сега нема информации за евентуална материјална штета и повредени лица.

Во ноември минатата година при земјотрес со интензитет од 7,2 степени во близина на Керманшах беа повредени над 500 луѓе.

Во 2003 година при земјотрес со интензитет од 6,6 степени целосно беше уништен историскиот град Бам, при што загинаа 26.000 луѓе.

Коронавирус