вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 48
home Вести

Два хеликоптери се судрија во воздух во Краснојарск во Русија, 18 загинати

Два хеликоптери се судрија во воздух во Краснојарск во Русија, 18 загинати

Хеликоптер Ми-8 се урна во Краснојарск, откако со пропелер ја закачил конструкцијата за превоз на товар на друг хеликоптер, јави ТАСС, повикувајќи се на информација од „Росавиација”.

Според соопштението на „Росавиација”, по полетувањето, хеликоптерот Ми-8 АМТ со патници на него, од засега непознати причини удрил во надворешната конструкција на друг хеликоптер кој превезувал товар, по што паднал, експлодирал и изгорел.

Двата хеликоптери полетале еден по друг од реонот на Ванкорското нафтено поле. Прв полетал хеликоптерот Ми-8 со надворешна конструкција за товар и без патници, а по него – втор Ми-8 АМТ со патници – работници од пумпена станица на кои им завршила смената.

Несреќата се случила при едноставни временски услови без врнежи.

Во несреќата загинаа тројцата членови на екипажот и 15 работници.

Коронавирус