сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Думата на првото читање ги одобри промените во рускиот Устав

Думата на првото читање ги одобри промените во рускиот Устав

Руските пратеници денеска на прво читање едногласно го одобрија целиот пакет промени во Уставот што ги објави рускиот претседател Владимир Путин пред три дена.

Пратениците дебатираа помалку од два часа.

Со промените се прошируваат овластувањата на Парламентот и на Уставниот суд, се ограничува бројот на претседателските мандати, се воведува приоритет на основниот закон врз меѓународните договори склучени од Москва и се зајакнуваат социјалните обврски на руската држава.

Второто читање може да се одржи кон средината на февруари.

Коронавирус