четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дуда ја најави изградбата на Балтичкиот гасовод

Дуда ја најави изградбата на Балтичкиот гасовод

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска ја најави изградбата на Балтичкиот гасовод, со кој од Норвешка преку Данска ќе биде поврзана Полска.

Дуда истакна дека наредните денови ќе почне изградбата на Балтичкиот гасовод во Полска.

Пред неколку дена компанијата „Гасистем“ потпиша договор за реализација на проектот со „Саипем лтд груп“ и добиени се сите неопходни дозволи.

Со Балтичкиот гасовод треба да бидат поврзани норвешките наоѓалишта во Северно Море со Полска преку Данска. Планирано е гасоводот да има капацитет од 10 милијарди кубни метри гас годишно.

Полска планирада ја заврши изградбата на гасоводот до 1 октомври 2022 година.

Коронавирус