понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Државен погреб на Џорџ Х.В. Буш, Америка накратко обединета

Државен погреб на Џорџ Х.В. Буш, Америка накратко обединета

Американскиот претседател Доналд Трамп и четворица поранешни претседатели на САД денеска присуствуваа на свеченото испраќање на Џорџ В. Буш во Националната катедрала во Вашингтон, во редок момент на обединување на поделената Америка.

Првите гости почнаа да доаѓаат на свеченоста утринава во 11 часот по локално време, во присуство на Доналд и Меланија Трамп, Барак и Мишел Обама, семејствата Клинтон и Картер, како и семејството Буш.

Бројни странски официјални претставници присуствуваа на свечената церемонија, меѓу кои и британскиот принц Чарлс и германската канцеларка Ангела Меркел.

Џорџ Х. В. Буш, роден во богато семејство во Нова Англија, ја водеше земјата од 1989 до 1993 година и во текот на завршувањето на Студената војна и Првата заливска војна, се додека во 1992 година не го победи демократот Бил Клинтон.

На денот на националната жалост, повеќето државни институции и Волстрит се затворени, а гласањето во Конгресот и расправите на Врховниот суд беа одложени.

Коронавирус