четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 115
home Вести

Драматичната акција за спасување во Тајланд низ фотографии: Погледнете како четирите деца дојдоа до слобода (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Драматичната акција за спасување во Тајланд низ фотографии: Погледнете како четирите деца дојдоа до слобода (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Властите во Тајланд соопштија дека за завршувањето на акцијата за спасување на преостанатите осум деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата на северот на Тајланд ќе бидат потребни уште четири дена.

Нуркачите успеале да извадат четири од 12-те деца на сигурно.

Гувернерот на провинцијата Чијанг Рај, Наронгсак Осатанакорн, кој е надлежен за спасување, кажал дека наредната фаза од спасувањето ќе почне за 10 до 20 часа.

Тој нагласил дека во акцијата за спасување учествувале 13 странски и пет тајландски нуркачи, а дека секое дете кое било спасено било следено од двајца нуркачи.

Некои од децата се префрлени со хеликоптер во блискиот град Чијанг Рај, каде со возила на брза помош биле префрлени во болница.

Децата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25 годишен тренер во пештерата се од 23 јуни.

Коронавирус