среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Драматичен раст на бројот на починати во Русија по воведувањето на новиот метод на броење

Драматичен раст на бројот на починати во Русија по воведувањето на новиот метод на броење

Русија регистрирала 2.712 смртни случаи од коронавирус во април, над двојно повеќе од претходно утврдениот број, според статистиката заснована врз новиот метод на броење објавен од државната агенција Ростат.

Според официјалните податоци, 1.152 луѓе починале од коронавирус во Русија во април. Руските власти забележаа дека бројот вклучува само случаи во кои коронавирусот е потврден како главна причина за смрт.

Но, руското Министерство за здравство објави кон крајот на мај дека ќе го промени методот на броење и ќе ги усогласи со препораките на Светската здравствена организација, според која што се обврзани да ги бројат и починатите со несакани ефекти, како и сомнителните случаи.

Росстат во извештајот за смртност во април наведува дека во 1270 случаи ковид-19 била главна причина за смрт, а во 435 случаи вирусот „значително влијаел“ врз смртта на пациентот.

Во 390 смртни случаи, се сомневало дека коронавирусот е главната причина за смртта, но тоа не можело да се потврди, според Ростат.

Уште 617 пациенти заразени со коронавирус починале во Русија во април без вирусот „значително да влијае врз“ нивната смрт, објави Ростат.

Во Русија денеска се регистрирани 8.706 нови случаи, што претставува постојан пораст во изминатите повеќе од три недели, а нивниот вкупен број е 520.129.

Критичарите се сомневаат во официјалните податоци за стапката на смртност, обвинувајќи ја Москва дека намерно ја минимизира.

Русија прикажува помал број во споредба со западните земји со тоа што првенствено регистрира смртни случаи за кои се утврдило дека коронавирусот е главна причина за смртта по обдукцијата, додека другите земји ги броеле скоро сите смртни случаи на пациенти кои се тестирале позитивно.

Руските власти исто така сметаат дека системот за здравствена заштита е подготвен и дека властите успеале да го организираат тестирањето на голем број луѓе затоа што епидемијата подоцна се раширила низ Русија.

Заменик-премиерот на Русија, Татјана Голикова, рече дека објавувањето на извештајот за смртните случаи во април било одложено затоа што се чекала обдукцијата.

Според неа, податоците на Ростат покажуваат дека стапката на морталитет на случаи на коронавирус, регистрирани во април, е 2,6 проценти.

„Најголемиот скок со зголемување на бројот на смртни случаи ќе се случи во мај и секако во првата половина на јуни“, додаде Голикова во телевизиско интервју.

Коронавирус