понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 185
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Драмата заврши со среќен крај: Заложниците ослободени, киднаперот е уапсен

- Успешно заврши операцијата за ослободување на заложниците во поштата во Харков. Сите заложници се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Им наложив на локалните власти да им ја обезбедат сета неопходна помош на жртвите, напиша на Твитер украинскиот претседател Петро Порошенко.
Драмата заврши со среќен крај: Заложниците ослободени, киднаперот е уапсен

Сите заложници во поштата во украинскиот град Харков се ослободени, а киднаперот е уапсен, јави руската новинска агенција ТАСС.

Во инцидентот нема настрадани.

– Успешно заврши операцијата за ослободување на заложниците во поштата во Харков. Сите заложници се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Им наложив на локалните власти да им ја обезбедат сета неопходна помош на жртвите, напиша на Твитер украинскиот претседател Петро Порошенко.

Претходно, киднаперот, кој денеска со експлозив околу себе влезе во пошта во украинскиот град Харков во обид да ја ограби, и држеше во заложништво 11 лица, ослободи петмина од нив, три жени и две деца.

– Шефот на украинската служба за безбедност му јави на претседателот Петро Порошенко дека петмина од заложниците во Харков се ослободени. Тоа се три жени и две деца, напиша портпаролот на украинскиот претседател Светослав Цеголко на Твитер.

Руската агенција Интерфакс ја пренесе изјавата на шефот на регионалната полиција на Харков, Олег Бех, кој информира дека еден маж во поштата држи како заложници деветмина возрасни и две деца.

– Неидентификуваниот маж е мирен, не побара никакви услови и е во редовен телефонски контакт со полицијата. Се обидуваме да направиме се што е можно за да ги ослободиме луѓето, рече Бех.

Портпаролот на полицијата Јарослав Тракало за локалната телевизија 112 изјави дека киднаперот најверојатно има експлозив околу себе. – Неговите барања не ни се познати, рече Тракало.

Украинските медиуми јавија дека полицијата го блокирала тој дел од градот и дека таму има 20 полициски возила, пожарникари и Брза помош, како и единици за демонтирање експлозив.

Коронавирус