среда, 2. декември 2020. Вести денес: 169
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Драмата на најпрометниот аеродром продолжува: Откажани летови, во тек полициска проверка

Драмата на најпрометниот аеродром продолжува: Откажани летови, во тек полициска проверка

Делови од аеродромот во Франкфурт се евакуирани и запрено е качувањето на патниците во авионите, затоа што „најмалку едно неовластено лице влегло во безбедносната зона“, соопшти портпаролот на германската федерална полиција Реза Ахмари.

Како што јави ДПА, Ахмари нагласи дека во тек е полициска проверка на сите лица во безбедносната зона.

Претходно, германската полиција на Твитер објави дека „на Терминалот 1 на аеродромот во Франкфур во тек е полициската операција, во чии рамки е запрено качувањето (во авионите) и се врши проверка на нивоата 2 и 3 во безбедносната зона“.

Авиокомпанијата „Луфтханза“ на Твитер го потврди блокирањето на аеродромот, нагласувајќи дека засега не може да соопшти колку летови ќе бидат откажани.

Аеродромот во Франкфурт е најпрометниот во Германија, со 64,5 милиони патници во 2017 година.

Минатиот месец полицијата го блокираше и евакуираше Терминалот 2 на аеродормотѕ во Минхен, откако 40-годишна жена минала низ зоната за проверка без да помине преку безбедносниот скенер. Поради овој инциент беа откажани речиси 330 летови со над 32.000 патници.

Коронавирус