понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 130
home Вести

Драма за време на спасување на планинарка со хеликоптер: Ја ставија на носилка, па започна пеколот (ВИДЕО)

Драма за време на спасување на планинарка со хеликоптер: Ја ставија на носилка, па започна пеколот (ВИДЕО)

Ова видео од спасување со хеликоптер на повредена планинарка во американската сојузна држава Аризона, стана вирална откако беше објавена на Фејсбук од страна на “ABC15”.

Пожарникарските екипи од Феникс биле известени за повредената планинарка која што при качувањето на Пиества Пик ја повредила главата и на повикот реагирале пристигнувајќи со хеликоптер и со стандардна процедура, па 74-годишната планинарка била поставена на носилка и започна процесот на подигнување кон хеликоптерот.

Но, тогаш започна вистинска драма.

По подигањето, корпата со носилката започнува неконтролирано да ротира, а како што се приближуваше кон хеликоптерот, вртењето стануваше се посилно. Спасувачите не можеле да направат премногу за да го сопрат вртењето затоа што сајлата која служи како осигурач, пукнала.

За среќа, планинарката не претрпела дополнителни повреди, а пожарникарските екипи за тамошните медиуми откриле дека жената после спасувањето имала мачнина и чувствувала вртоглавица, за што добила соодветна терапија, па сега нејзината состојба е стабилна.

Коронавирус