понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Драма во рускиот Парламент: Пратеник уапсен поради истрага за убиство

Драма во рускиот Парламент: Пратеник уапсен поради истрага за убиство

Рускиот пратеник Рауф Арашуков, кој е под сомнение дека договорил две убиства, денеска е уапсен во Парламентот.

Истражувачкиот комитет соопшти дека Арашуков, кој го претставува регионот Карачајево-Черкезија, северен Кавказ уапсен е откако во Горниот дом на рускиот Парламент на Советот на Федерацијата се гласаше за укинување на имунитетот.

Истражителите се сомневаат дека Арашуков организирал убиства на две истакнати личности во Карачајево-Черкезија во 2010 година.

Арашуков е син на истакнат бизнисмен. Тој во 2016 година стана најмлад член на Советот на федерацијата на 31 година.

Рускиот портал РБЦ минатата година повикувајќи се на неименувани извори блиски до истрагата објави дека три лица сведочеле против Арашуков обвинувајќи го дека организирал убиство на истакнат локален активист.

Коронавирус