вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Драма во Лондон: Уапсено лице пред Бакингемската палата

Драма во Лондон: Уапсено лице пред Бакингемската палата

Лондонската полиција уапси едно лице, а околу Бакингемската палата е поставен кордон, откако во близина било паркирано едно сомнително возило.

Маж на возраст од 30 години бил приведен под сомнеж дека го нарушувал јавниот ред и мир.

Станува збор за бело комбе, кое е паркирано веднаш наспроти палатата.

– Улицата е затворена за сообраќај и поставени се кордони. Полиција го претресува возилото, изјави портпарол на британската полиција.

МИА

Коронавирус