сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Драма во Калифорнија: По пожарите, евакуација на жителите поради поплави (ФОТО)

Поплавите во Калифорнија доаѓаат по големите шумски пожари при што загинаа 44 лица во текот на октомври.
Драма во Калифорнија: По пожарите, евакуација на жителите поради поплави (ФОТО)

Две лица загинаа во надојдените води во американската сојузна држава Калифорнија. Нивните безживотни тела биле пронајдени од спасувачките екипи во близина на Лос Анџелес.

Неколку илјади жители на областите Санта Барбара и Вентура, во американската сојузна држава Калифорнија, мораа да бидат евакуирани поради опасност од лизгање на земјиштето.

Калифорнија, како и остатокот од американскиот Западен брег, е погодена од силни дождови предизвикани од налетот на студен бран од север.

Поплавите во Калифорнија доаѓаат по големите шумски пожари при што загинаа 44 лица во текот на октомври.

На планинските патишта, возачите мора да бидат опремени за зимски услови, а сите возачи се предупредени да бидат подготвени за влошена видливост и силни удари на ветер.

Коронавирус