петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Драма: Aвион ја промаши пистата и заврши во море (ВИДЕО)

Драма: Aвион ја промаши пистата и заврши во море (ВИДЕО)

Драма во водите на Пацификот во Микронезија. Авион со 47 патници и членови на екипажот ја надлета пистата и заврши во море.

За среќа нема посериозно повредени во инцидентот, кој се случи на микронезискиот остров Чук.

На објавените видео снимки се гледа како патниците и екипажот се спасуваат од полупотонатиот брод и со чамци се превезуваат кон крајбрежејто.

Несреќата ја пријавиле локални мештани, кои за медиумите изјавиле дека авионот Боинг 737-800 летал прениско, ја надлетал пистата и го пробил пристаништето на островот, пред да слета во вода.

Не се познати причините за несреќата. Авионот полетал од Нова Гвинеја и бил сопственост на авиокомпанијата Ер Ниургини.

Микронезија се наоѓа северно од Австралија и има околу 100 илјади жители.

Коронавирус