сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 47
home Вести

Драги го доби мандатот за состав на владата на Италија, неизвесна поддршката

Драги го доби мандатот за состав на владата на Италија, неизвесна поддршката

Италијанскиот претседател Серџо Матарела во средата му го довери мандатот за составување на владата на поранешниот претседател на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, во моментот кога земјата се справува со пандемијата на коронавирусот и економската криза.

Матарела „утрово го прими … Марио Драги кому му го даде мандатот за состав на владата. Драги прифати резервата“, изјави шефот на кабинетот на италијанскиот претседател. Терминот „со резерва“ во политиката во Италија се користи во азата додкеа се бара парламентарно мнозинство.

Седумдесет итригодишниот Драги, кој беше на чело на ECB од 2011 до 2019 година, во следниот неколкудневен период ќе одржи консултации со политичките партии во обидот да добие поддршка во парламентот за потврдување на неговата влада. Пред новата влада се предизвиците кои се однесуваат на борбата против коронавирусот и економската криза.

Пред состанокот во средата на Матарела и Драги, порано антиестаблишмент и евроскептични Движење пет ѕвезди (М5S), најбројната партија во партија, порача дека нема да го поддржи Драги. Движењето беше главната спојка во последните две коалициски влади, упорно повторува дека е против концептот на технократска влада.

Вчерашните преговори меѓу партиите од коалицијата на власт во Италија, со цел формирање на новата влада по оставката на премиерот Џузепе Конте, пропаднаа по посетата кај Матарела на претседателот на Претставничкиот дом (долниот дом на парламентот), Роберто Фико.

Движењето пет ѕвезди „нема да гласа за експертска влада предводена од Драги“, изјави лидерот на партијата Вито Крими. Наместо тоа, Движењето и натаму заговара формирње политичка влада, наместо тим од технократи.

Во меѓувреме, поранешниот премиер Матео Ренци, лидер на малата партија Жива Италија (Italia Viva), чиешто излегување од коалицијата беше причина за оставката на премиерот Конте, порача дека ќе го поддржи Драги/.

Фико од саботата ги водеше преговорите за излегување од политичката криза, откако Матарела во петокот му ја довери задачата да посредува меѓу партиите од претходната владејачка коалиција за да се види дали може да биде обновена, и за тоа му даде рок од четири дена. Фико во вторникот вечерта тврдеше, според своја оцена, дека „нема доволно простор за формирање на владино мнозинство, бидејќи партиите се на премногу оддалечени позиции“.

Коалицијата на премиетот Џузепе Конте се распадна на 13-ти јануари со излегувањето на партијата на Ренци, поради несогласувањето со користењето на парите од ЕУ наменети за помош во закрепнувањето по пандемијата.

За технократската влада во последно време во Италија се размислува како за краткорочна опција, иако се верува дека Матарела би сакал влада која ќе трае до 2023 година, кога треба да се одржат редовните парламентарни избори. Втората можност е распишување предвремени избори.

ЕУРО 2020

Македонија