сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дозвола за вкотвување за “Дичиоти“, но мигрантите не смеат да излезат

Дозвола за вкотвување за “Дичиоти“, но мигрантите не смеат да излезат

 Мигрантите на бродот “Дичиоти“ се вкотвија на островот Лампедуза, но италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, не дава дозвола за излез сѐ додека не се најде договор со другите земји во ЕУ.

Според италијански владини извори, министерот нема да даде дозвола сѐ додека не е пронајден договор со ЕУ.

-Сега Европа треба да го направи своето, напиша министерот за транспорт, Данило Тонинели.

Бродот со 177 мигранти со денови беше заглавен во близина на италијанскот остров Лампедуса без дозвола за вкотвување, додека Италија и Малта си ја префрлаа одговорноста.

Брисел за сега не коментира како и дали ќе помогне, но портпаролка на Европската Комисија порача дека се во контакт со властите и се трага по решение.

(Миа)

Коронавирус