петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 123
home Вести

Доживотен затвор за Симона: Нејзината мајка ја посвоила, а таа брутално ја убила- ова е убиената Македонка Рада (ФОТО)

Доживотен затвор за Симона: Нејзината мајка ја посвоила, а таа брутално ја убила- ова е убиената Македонка Рада (ФОТО)

22 годишната Македонка, Симона Зафировска, е осудена на доживотен затвор за сурово убиство на нејзината мајка Радица Зафировска, која ја уби со повеќе удари во главата додека таа спиела во 2016.

Убиството се случило во 2016 година, но при првото сослушување, Симона успеала кусо да ја залаже полицијата со приказна дека крадци ги нападнале ноќта, дури лажирала и кражба во домот, а потоа се дознала вистината.

Симона е посвоена од страна на Радица пред дваесетина години во Македонија, а потоа ја однела заедно со неа во Австралија, каде живееле заедно сѐ до убиството.

Од Судот  таа доби доживотна казна. Ја прашаа како можела да спие после убиството, ако знаела дека и нанела смртоносни удари на нејзината мајка додека и таа спиела, ѝ го скршила черепот и предизвикала крварење во мозокот.

Ова е несреќната жена.