недела, 20. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Дождот кој врне од 28 август направи огромна штета: Најмалку 76 лица загинаа, уште толку исчезнати

Дождот кој врне од 28 август направи огромна штета: Најмалку 76 лица загинаа, уште толку исчезнати

Најмалку 76 лица загинаа, а речиси исто толку се сметаат за исчезнати како резултат на големите поплави што ја погодија Северна Кореја. Истовремено, илјадници луѓе останаа без покрив над главата, соопштија Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Волонтери од Националниот Црвен крст учествуваат во спасувачките операции во северниот и јужниот дел на провинцијата Хванхедо, каде врне дожд од 28 август.

Во изјавата на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената се дополнува дека меѓу 75-те лица кои се сметаат за исчезнати, голем број се деца.

Во поплавите се уништени повеќе од 800 објекти, вклучително и куќи, клиники и училишта, се вели во соопштението.

Коронавирус