понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 85
home Вести

Довербата на американските потрошувачи падна на најниско ниво

Довербата на американските потрошувачи падна на најниско ниво

Довербата на американските потрошувачи падна на најниско ниво во последните девет месеци во ноември под притисок на растот на цените и тековната загриженост за пандемијата на коронавирусот.

Конференцискиот одбор (Conference Board) соопшти дека неговиот индекс на доверба на потрошувачите паднал на 109,5 поени овој месец од 111,6 поени во октомври. Ова е најниската вредност на индикаторот откако падна на 95,2 поени во февруари и не го вклучува ефектот од појавата на варијантата Омикрон на коронавирусот.

Загриженоста за растот на цените, и во помала мера сојот Делта, беа главните фактори за трендот на опаѓање, соопшти Конференцискиот одбор.

Оваа недела, индикаторот за доверба на потрошувачите, составен од Универзитетот во Мичиген, падна уште повеќе – на десетгодишно ниско ниво од речиси истите причини.  (МИА)

Коронавирус