сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Досега откриени 42 случаи на сојот омикрон во ЕУ: Главно се работи за млади луѓе

Досега откриени 42 случаи на сојот омикрон во ЕУ: Главно се работи за млади луѓе

Досега, 42 случаи на сојот омикрон се идентификувани во земјите на Европската унија, соопшти Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).

Инфекциите се потврдени главно кај помладите луѓе и нивните симптоми се обично поблаги, рече претседателот на ЕЦДЦ, Андреа Амон, пренесе Гардијан.

– За да процениме дали омикрон го избегнува имунитетот, сепак треба да почекаме да завршат испитувањата во лабораториите со примероци на луѓе кои се опоравиле од омикрон. Тоа се очекува за две недели – додаде Амон.

Таа изјави дека здравствените власти на ЕУ проценуваат уште шест потенцијални случаи.

Коронавирус