вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 52
home Вести

Доријан однесе 30 жртви, властите очекуваат значително зголемување на црниот биланс

Доријан однесе 30 жртви, властите очекуваат значително зголемување на црниот биланс

Бројката на погинати од страотниот налет на ураганот Доријан врз Бахамите нарасна на 30, соопштија офијални претставници на властите, пренесоа светските агенции.

Министерот за здравство Дуане Сандс на Бахамите за американските медиуми изјави дека очекуваат во следните неколку дена оваа бројка „значително да се зголеми“, бидејќи продолжуваат потрагите и акциите за спасување на настраданите

Сандс изјави дека жртвите се од островите Гранд Бахами и Абака.

Ураганот Доријан во неделата го погоди островот Абака како бура од петта категорија, а потоа и Гранд Бхами како бура од четврта категорија.