понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Доналд Трамп подготвен без предуслови да разговара со иранските лидери

Доналд Трамп подготвен без предуслови да разговара со иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да се сретне со иранските лидери без предуслови, а со цел да разговараат за тоа како да ги подобрат односите откако тој ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор.

– Ако сакаат да се сретнеме, ќе се сретнеме, рече тој.

Прашан на прес-конференција во Белата куќа дали сака да се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани, Трамп одговори: Би се сретнал со секого. Верувам во средби, особено во случаи кога влогот е војна.

– Несомнено би се сретнал со Иран, ако тие сакаат да се сретнеме, додаде претседателот, истакнувајќи дека не би поставувал предуслови.

МИА

Локални избори 2021