понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 143
home Вести

Доналд Трамп му се спротистави на Путин

Доналд Трамп му се спротистави на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог закон за годишната потрошувачка за одбрана во кој се вклучени санкции за Северен тек 2, гасоводот што се гради за транспорт на рускиот гас директно во Германија преку Балтичко Море.

Санкциите се дел од законот за одбранбена потрошувачка во вредност од 738 милијарди долари што Трамп го потпиша вчера.

Москва и Берлин веќе ги осудија санкциите и најавија „реципрочни“ мерки.

„Со гордост ќе го потпишам законот со најголема инвестиција во американската војска“, рече Трамп при потпишувањето.

Гасоводот Северен тек 2, голем енергетски проект со кој ќе се пренесува руски гас преку Балтичкото Море до Германија, е „средство за присилна и политичка моќ“ што ќе ги ослаби американските односи со Германија и Европа.

Законот му дава на Трамп рок од 60 дена да наметне санкции за бродовите вклучени во поставување цевки за Северен тек 2 и Турски тек, уште еден руски гасовод што пренесува гас за Турција и странците кои им помагаат на бродовите.

Учеството на приватната компанија Олсис, специјализирана за изградба на подводни конструкции и поставување подводни цевки, е неопходно за завршувањето на Северен тек 2, предводен од државната руска енергетска компанија Гаспром.

„Во пресрет на донесувањето на Законот за национално овластување за одбрана (НДАА), Олсис ги прекина своите активности за гасоводот Северен тек 2“, се вели во денешното соопштение на компанијата, според Ројтерс, непосредно пред Трамп да го потпише законот.

Се очекуваше Северен тек 2 да биде пуштен во погон во наредните месеци.

Трамп исто така го промовираше создавањето на вселенски сили кои ќе бидат шеста гранка во американската војска во рамки на американските воздушни сили.

 

Коронавирус