сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 70
home Вести

Докторот на Трамп:Претседателот нема симтоми на корона

Докторот на Трамп:Претседателот нема симтоми на корона

Лекарот на Доналд Трамп, Шон Конли, денес даде нови информации за состојбата на американскиот претседател.

Неговиот лекар рече дека на претседателот му е многу подобро.

Тој во изјавата рече дека претседателот се состанал со тим лекари во Белата куќа утрото откако направил пауза дома за прв пат по хоспитализацијата.

„Виталните знаци и физичкиот преглед покажаа дека претседателот е стабилен, со ниво на кислород од 95 до 97 проценти“, пишува Конли.

„Генерално, претседателот е многу добро. Штом дознаеме повеќе, ќе ја информирам јавноста “, рече Конли.

Да потсетиме, медицинскиот тим на Доналд Трамп вчера извести за неговата состојба пред да биде отпуштен од болницата. Неговиот лекар Шон Конли изјави дека претседателот сè уште не се опоравил, но и дека му било дозволено да ја напушти болницата.

„Иако тој можеби сè уште не е опоравен, тимот и јас се согласивме дека, според сите негови проценки, и што е најважно, според клиничката слика, тој може да оди дома, каде што ќе биде опкружен со медицинска помош од светска класа 24 часа дневно“, рече тој.

Докторот Брајан Гарибалди изјавил дека Трамп го прима Ремдесивир и ќе ја добие петтата доза во Белата куќа. Откри дека Трамп издржал без тешкотии и додаде дека функциите на бубрезите и црниот дроб се нормални.

„Нашиот план е да му дадеме четврта доза на Ремдесивир пред тој да ја напушти болницата и се согласивме да ја прими петтата и последна доза на третманот утре вечер во Белата куќа“, рече Брајан Гарибалди, кој исто така потврди дека Трамп прима дексаметазон.

Коронавирус