среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Докторите во шок, осуди за несовесната мајка: Родено бебе со 4 промили алкохол во крвта (ВИДЕО)

Докторите во шок, осуди за несовесната мајка: Родено бебе со 4 промили алкохол во крвта (ВИДЕО)

Во Универзитетската болница во Клајпед во Литванија се родило девојче со 4 промили алкохол во крвта.

Мајката на девојчето е 35-годишна жена која за време на породувањето била во алкохолизирана состојба.

Според зборовите на лекарите, состојбата на мајката е стабилна, но не можат да дадат прогноза за состојбата на детето, бидејќи на организмот на бебето ќе му биде потребно неколку недели за да се прочисти од алкохолот.

Како што навела докторката Наталија Григорјева, таа за прв пат се сретнала со ваков случај во својата 40 годишна пракса.

„Убаво девојче, два ипол килограми, изгледа нормално. Тешко е да се рече што ќе биде понатаму“ – изјавила таа.

Потсетуваме, дури и кај возрасните 2.5 промили алкохол во крвта е сериозна состојба, додека 4 промили може да ја отежни работата на срцето.