четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 5
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Договор за безбедносна соработка меѓу Велика Британија и Литванија

Договор за безбедносна соработка меѓу Велика Британија и Литванија

Велика Британија и Литванија денеска потпишаа заедничка декларација за зајакнување на соработката во областа на одбраната и безбедноста.

Велика Британија нагласи дека декларацијата ќе се заснова на одбранбената соработка меѓу двата сојузника на НАТО, засилувајќи го отпорот кон глобалните закани, вклучително и заканите од Русија и Кина.

– Велика Британија и Литванија се две земји кои веруваат во слобода и суверенитет и кои се против авторитарните режими во Европа и во светот. Ние сме заедно со Украина против илегалната, варварска војна на Русија, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Со тој договор, Лондон ја зајакнува својата поддршка за нациите кои стравуваат дека рускиот претседател Владимир Путин нема да застане во Украина во обид да ги прекрои европските граници. Загриженоста во балтичките земји за руската агресија се зголемува по инвазијата врз Украина на 24 февруари, како на пример во Литванија, која е и членка на НАТО и поранешна советска држава.  (МИА)

Коронавирус