понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Доделени Пулицерoвите награди

Доделени Пулицерoвите награди

Дневниот весник „Енкориџ Дејли Њуз“и истражувачкиот портал ПроПублика ја добија Пулицеровата награда за новинарство во служба на јавноста за сторијата за тоа дека третина од селата на Алјаска немаат полициска заштита.

Фотографите на британската агенција Ројтерс освоија награда во категоријата ударни вести за документирање на минатогодишните насилни протести во Хонг Конг, додека наградата за репортажна фотографија и припадна на американската агенција Асошиејтед прес за приказ на животот во Кашмир.

Новинарката на Лос Анџелес Тајмс, Моли О’Тул ја доби наградата за најдобра аудио сторија за барателите на азил кои се незадоволни од политиката „Останете во Мексико“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Наградата за истражувачко новинарство му припадна на Брајан Розентал од Њујорк Тајмс, кој откри дека на илјадници таксисти во Њујорк животот им е уништен поради „предаторски позајмици“.

Њујорк Тајмс доби три награди, меѓу кои и Пулицер за коментарот на новинарката Никол Хана-Џонс, напишан како дел од проектот 1619 година, со кој се настојува во центарот на сторија за Америка да се стави ропството на Африканците.

Весникот „Куриер-журнал“ од Кентаки ја освои домашната награда за ударна вест за сторијата за стотици помилувања дадени од поранешниот гувернер Мет Бевин.

Коронавирус