вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 67
home Вести

Додека во САД е ледено време, во Австралија се топи асфалтот на +46 степени (ВИДЕО)

Додека во САД е ледено време, во Австралија се топи асфалтот на +46 степени (ВИДЕО)

Додека во САД се регистрираат рекордно ниски температури кои одат и до -40 степени Целзиусови, Австралија е погодена од шумски пожари кои го загрозуваат локалното население.

Комесарот за итна служба во Австралија, Крег Лепсли истакнал дека пожарот бил предизвикан од високите температури и сувото време проследено со силни ветрови.

Температурите достигнуваат високи 46 степени, а за жителите е издадено предупредување да не излегуваат во најголемите горештини.

Температурите се толку високи што некои корисници на Твитер објавуваат фотографии и снимки од топење на катранот од асфалтот.

Поради пожари во сојузната држава Викторија издадена е забрана за палење на оган на отворено, како и на островот Тасманија.