вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 120
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Додека другите купуваат тоалетна хартија, никогаш нема да поверувате од што прават резерви Шпанците во карантин

Додека другите купуваат тоалетна хартија, никогаш нема да поверувате од што прават резерви Шпанците во карантин
epa08313920 Two men drink a beer on their balcony in Barcelona, Spain, 22 March 2020. Spanish Prime Minister Sanchez announced that the national lockdown will extend for 15 more days. Spain is on its eight day of a national lockdown in an effort to slow down the spread of the pandemic COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/MARTA PEREZ

За разлика од другите земји, каде купувачите ја разграбуваат тоалетната хартија штом се стави на полиците, Шпанците купуваат вино, пиво, маслинки, чипс и чоколади, јави ДПА, појаснувајќи дека не е познато дали прават резерви или едноставно повеќе ги конзумираат во овој период.

Според податоците од пазарот од Шпанија, каде има режим на движење од 15 март, жителите на таа земја купиле 80 отсто повеќе пиво отколку седмицата претходно, се вели во извештајот на ИнфоРитеил. Продажбата на маслинки е зголемена за 94 проценти, додека на чипсот, чоколадата, сладоледот и инчуните за 76 до 87 отсто.

Шпанскиот весник Ел Паис оценува дека Шпанците, кои инаку се дружат по барови, ресторани или на отворен простор, сега направиле сопствени домашни барови. Психологот Олга Кастањер тие промени ги припишува на анксиозноста предизвикана од епидемијата на коронавирусот и на новите ограничувања на движење.

– Кога сте под стрес, не јадете стек. Во таква ситуација телото копнее по шеќери и маснотии, појаснува Катењар за Ел Паис.

Воедно вели дека има договорено „средба“ со пријателите на Скајп за да испијат заедно пиво.

Парламентарни избори 2020