четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Доброволци се заразуваат со коронавирус за побрзо да се најде вакцина

Доброволци се заразуваат со коронавирус за побрзо да се најде вакцина

Доброволци ќе бидат заразени со форма на коронавирус во Велика Британија во обид што побрзо да се најде вакцина против вирусот, објави „Тајмс“.

За 3.500 фунти пациентот треба да помине две недели пред телевизор, со книга во рака или да игра компјутерски игри, наведува весникот. Лицето нема да има никаков физички контакт со надворешниот свет.

Во рамките на овој глобален експеримент, групи од по 24 луѓе ќе бидат платени за да се заразат со новиот коронавирус во рамките на програма за изнаоѓање вакцина за Ковид-19 за која се дадени две милијарди долари.

Коронавирус