недела, 23. септември 2018. Вести денес: 62
home Вести

Доаѓа ураганот Флоренс- прогласена вонредна состојба во Вашингтон

Доаѓа ураганот Флоренс- прогласена вонредна состојба во Вашингтон

Градските власти во Вашингтон денеска прогласија вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот Флоренс.

Градоначалничката на американската престолнина Мјуриел Баузер изјави дека потпишала наредба за прогласување вонредна состојба во врска со ураганот, кој беснее во Атлантскиот Океан.

Вчера Флоренс стигна до четврта категорија на петстепената скала на Сафир-Симпсон. Окото на ураганот е на околу 1.985 километри југоисточно од крајбрежјето на Северна Каролина. Стихијата се движи кон запад и се очекува да стигне до брегот на САД во четврток.

Претходно властите во четири држави- Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Мериленд, исто така воведоа вонредна состојба поради ураганот.