четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 9
home Вести

До крајот на август, 90 отсто од случаите со Ковид-19 во Европа ќе бидат од сојот Делта

До крајот на август, 90 отсто од случаите со Ковид-19 во Европа ќе бидат од сојот Делта

До крајот на август, околу 90 проценти од сите нови случаи на коронавирусот во ЕУ ќе бидат од сојот Делта. Ова беше објавено денеска во заедничката изјава на Европската агенција за лекови и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

-Варијантата Делта е загрижувачка бидејќи таа брзо се шири низ цела Европа и може да стане сериозна пречка за напорите да се стави пандемијата под контрола, се вели во документот.

Во него се наведува дека според достапните податоци, оваа варијанта на вирусот е 40-60 проценти позаразна од варијантата „Алфа“, а има и поголем ризик од хоспитализација.

Локални избори 2021