петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 171
home Вести

До денеска во САД се дадени над 390 милиони дози вакцини против коронавирусот

До денеска во САД се дадени над 390 милиони дози вакцини против коронавирусот

Во САД до денеска се дадени 390,1 милиони дози вакцини против Ковид-19, додека низ земјата се дистрибуирани 417,8 милиони дози, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на својата веб-страница.

Тој број е малку поголем во однос на саботата, до кога беа поделени околу 389,4 милиони дози.

Целосно се вакцинирани 183,7 милиони граѓани (55,3 проценти), а 213,4 милиони луѓе примиле барем една доза (64,3 проценти), се наведува на сајтот на ЦДЦ.

Дополнителна, трета доза на вакцината против коронавирус примиле 2,66 милиони луѓе од 13 август, кога ЦДЦ одобри употреба на трета доза за лица со ослабен имунитет. (МИА)

Коронавирус