среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до денеска умрела над еден милион лица. На сите континенти заразени се 33.133.542 лица, а оздравеле 24.469.132 лица. Попладнево светскиот сајт Woldmeters изброја дека во светот веќе умреле еден милион и 360 лица.

Чешките власти денеска пријавија нови 1.985 случаи на коронавирус и девет смртни случаи како резултат на Ковид-19, јавија британските медиуми. Досега во оваа земја со коронавирус се заразени вкупно 63.294 лица, а 591 пациент им подлегна на последиците од болеста.

Во Велика Британија во последните 24 часа се регистрирани 5.693 случаи на коронавирус, а 17 лица умреа како резултат на инфекцијата со Ковид-19. Велика Британија досега има вкупно 434.969 лица заразени со коронавирус, а речиси 42.000 умреле.

Во Бугарија во последните 24 часа од 5.074 тестирани лица на коронавирусот потивни резултати имале 255 лица. Во истиот временски интервал, уште четири лица умреа како резултат на последиците од Ковид-19, пренесе БТА. Вкупниот број на досега заразени во Бугарија изнесува 19.828, а бројот на смртни случаи е 789.

Во Франција се регистрирани нови 14.412 случаи на коронавирус, а 39 лица умреа во последните 24 часа. Од почетокот на пандемијата заразени биле 527.446 лица, соопшти Министерството за здравство. Досега умреа 31.700 лица

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени нови 190 случаи на коронавирус, а во моментов се активни 1.316 случаи на инфекцијата, а три лица умреа. Од почетокот на епидемијата, во земјата потврдени се вкупно 16.197 случаи на коронавирус, од кои умреле 272 лица.

Бројот на заразени со коронавирусот во Русија е зголемен за 7.867, а бројот на смртни случаи од Ковид-19 за 99, јави Тасс. Со новопотврдените случаи во последните 24 часа вкупниот број на заразени во Русија скокна на 1.151.438 Од почетокот на пандемијата, од Ковидо19 умреа 20.324 граѓани на Русија, односно 1,77 проценти од заразените.

Во Словенија во последните 24 часа позитивни на тестирањата за коронавирус биле 159 лица од 1.917 извршени тестови, додека две лица умреа како резултат на Ковид-19. Од почетокот на пандемијата во Словенија се потврдени 5.350 случаи на коронавирус, додека 147 пациенти подлегнаа на последиците од болеста.

Во Романија има 1.438 нови случаи на инфекција или досега вкупно 122.673 лица биле заразени од почетокот на пандемијата. Бројот на смртни случаи како резултат на Ковид-19 е зголемен за 31 на 4.718, пренесува Aџeрпрес.

Во изминатите 24 часа во БиХ се пријавени 62 позитивни случаи на коорнавирус во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 427 тестирани, а една жена почина. Заклучно со денеска вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ изнесува 498.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 218 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заболени лица во земјата се зголеми на 17.444. Во изминатите 24 часа починаа уште три лица, односно 379 од почетокот на епидемијата.

-Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 12 нови случаи на Ковид-19 од 3.338 направени тестови. Од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 1.696 лица.

Во Холандија денеска се регистрирани 2.995 нови случаи на коронавирус, што е рекорден дневен биланс во оваа земја, а осум лица умреа, наведе Министерството за здравство.

Од средината на септември, има речиси дневно рекордно зголемување на бројот на заразени, а претходното рекордно салдо имаше во петокот- 2.777, пренесуваат британските медиуми.

Во изминатите 24 часа во Србија се тестирани 3.138 граѓани, а кај 72 лица е потврден коронавирусот, додека едно лице умрело како резултат на инфекцијата, навњде веб-страницата covid19.rs.

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се повеќе оздравени од новозаразени лица со Ковид-19. Министертвото за здравство и социјална заштита информираше дека од 832 тестирани сомнителни случаи позитивни на вирусот биле 106, оздравеле 137,додека починале двајца пациенти.Од вкупно досега направените 85.554 тестирања, позитивни на вирусот биле 13.259 лица, од нив 7.534 оздравеле, 377 починале,додека активни на болеста се 5.348.

Коронавирус