среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 68
home Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 22.710.725 лица. Од нив починале 793.557, а оздравеле 15.399.130 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19. Националната организација за јавно здравје соопшти 269 случаи, од кои 11 се од направените тестови на влезните точки во земјата. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 7.934 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 10 нови случаи на Ковид-19 од 3.202 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.395 лица.

– Бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 438, откако во минатите 24 часа се регистрирани нови 13 починати. Во лабораторијата за молекуларна микробиологија при Институтот за јавно здравдтво на Косово (ИКШПК) вчера се тестирани 470 лица, при што кај 158 од нив е откриено присуството на коронавирусот. Вкупно од појавата на епидемијата заболени од Ковид-19 резултирале 12.006 од 45.868 лица кои се тестирани поради сомневање дека се заразени од новиот вирус. Вклучително вчерашните 245 евидентирани новоизлекувани, бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 7.929. Активни носители на вирусот, според официјалните податоци на ИКШПК, се 3.639 лица.

– Во изминатите 24 часа во Србија од последици од Ковид-19 починале пет лица, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 689. Во Србија досега со новиот коронавирус инфицирани се 30.209 луѓе.

– Во Босна и Херцеговина во изминатото деноноќие регистрирани се четири смртни случаи од последици од Ковид-19 со што вкупниот број изнесува 512. Исто така забележани се 338 новозаболени лица.

– И денеска САД се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 13.878 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 5.714.809, од кои од кои 176.667 починале, а оздравеле 3.064.576 луѓе.

– По САД следи Бразил, каде во изминатите 24 часа регистирани се 10.104 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 3.470.517 лица. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа 254 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 110.443.

– На трето место е Индија, каде за еден ден се регистирани 65.145 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2.900.967 луѓе. Додека забележани се 954 смртни случаи со што вкупниот број на починати од последици на новиот коронавирус изнесува 54.948 починале, а оздравеле 2.153.342 лица. (МИА)

Коронавирус