четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Вести

Директорот на „Хуавеи“ ја спореди компанијата со силно оштетен авион

Директорот на „Хуавеи“ ја спореди компанијата со силно оштетен авион

Основачот на „Хуавеи“ соопшти дека приходите на тој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари пониски од планираните во наредните две години, споредувајќи ја компанијата тешко оштетен авион како резултат на активностите на американската администрација.

-Ние никогаш не мислевме дека решеноста на САД да го нападне „Хуавеи“ ќе биде толку силна, толку цврста, вели Рен Зенгфеи, кој е и директор на компанијата.

Тој најави дека „Хуавеи“ ќе го намали капацитетот и ќе очекува приходи од 100 милијарди долари годишно во следните две години, во споредба со приходите од 105 милијарди долари во 2018 година. Тој во февруари рече дека целта на „Хуавеи“ е да оствари приход од 125 милијарди долари во 2019 година.

Рен Зенгфеи рече дека продажбата на мобилни телефони на „Хуавеи“ во странство се намалила за 40 отсто.

Кинескиот пазар, сепак, расте брзо и „Хуавеи“ нема да дозволи рестриктивните мерки да влијаат на истражувањето и развојот, најави тој.

Минатиот месец, САД го ставија „Хуавеи“ на листата на оние на кои, им се забранува на американските компании да им продаваат компоненти, без одобрување од владата.