понеделник, 9. мај 2022. Вести денес: 146
home Вести

Директорот на ЦИА го посетил Берлин пред Блинкен

Директорот на ЦИА го посетил Берлин пред Блинкен

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц и претставници на германското разузнавање неколку дена пред планираната посета на државниот секретар Ентони Блинкен на Европа, објави Вол Стрит Џурнал.

Според извор на весникот, Барнс ги информирал своите соговорници за можните сценарија за развојот на ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина. Тој рекол дека Берлин треба да го запре Северен тек 2 во случај на руска инвазија врз Украина. Изворот тврди дека Шолц не дал јавни изјави за исклучување на гасоводот и такви гаранции дал во приватен разговор.

Претходно, Си-Ен-Ен објави дека минатата недела Барнс се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со претставници на украинското разузнавање. Патувањето било однапред испланирано и не било предизвикано од никакви вонредни околности. На средбите се разговарало за можноста за руска инвазија врз Украина.

Коронавирус