среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Дилери на дрога од заседа убиле тројца војници- прогласена вонредна состојба во 22 општини во Гватемала

Дилери на дрога од заседа убиле тројца војници- прогласена вонредна состојба во 22 општини во Гватемала

Владата на Гватемала прогласи вонредна состојба во 22 општини во североисточниот дел на земјата, откако дилери на дрога од заседа убиле тројца војници на границата со Белизе.

Конгрес ја одобри мерката, со која на полицијата и се овозможи притворање на осомничените, без налог за апсење. Со вонредната состојба воведен е и полициски час во текот на ноќта и ограничено е правото на одржување протести и масовни собири.

Гватемала важи за транзитна локација за кокаин, кој од Колумбија се пренесува во САД.

Коронавирус